„На регионалниот пат Гевгелија – Богданци, вчера околу 14:45 часот, полициски службеници од полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица при Регионалниот центар за гранични работи Југ, при извршување на полициски активности, во близина на две напуштени патнички возила, алфа ромео со велешки регистарски ознаки и форд со скопски регистарски ознаки, што претходно учествувале во сообраќајна незгода, биле пронајдени три лица, илегални мигранти од Сирија, со повреди од сообраќајната незгода“, информираат од МВР.
На лицата им е укажана лекарска помош по што се сместени во прифатно-транзитниот центар Винојуг, Гевгелија.
Увид на местото на несреќата извршила екипа од полициската станица Гевгелија и се преземаат мерки за расчистување на случајот.