вторник, 28 мај 2024

Во Солун ликвидиран маж од возило во движење (ВИДЕО)

41-годишен маж родум од Грузија е ликвидиран денес во Солун, во близина на центарот на градот, а полицијата трага по жена и двајца мажи кои се осомничени дека Грузиецот го изрешетале од возило во движење.

Објавено на

часот

Сподели

Убиството се случило денес околу 14 часот, во близина на детско игралиште.

Жртвата од претходно ѝ е позната на полицијата и е доведувана во врска со криминални групи.

Во моментот на пукањето, Грузиецот седел на мотоцикл и ја соблекувал кацигата. Тогаш двајца мажи и жена во црвено „рено“ поминале со поголема брзина и испукале најмалку три истрели во насока на жртвата – еден куршум го погодил во грбот, а друг во рамото.

Сведоците кажале дека тој се симнал од мотоциклот, направил неколку чекори и паднал.

Делот од градот каде што се случило убиството е блокиран.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ