Од ЕВН наведуваат дека постојано се соочуваат со проблеми и закани од мештаните, не постојат услови за нормално извршување на работите и дека поради неовластено користење на струјата од страна на мештаните се оптоварува мрежата што предизвикува големи дефекти.
„И во ова село кражбите на електрична енергија се околу 80 проценти исто како што беше случајот во скопското Арачиново. Наплатата е само 20 отсто“, велат од ЕВН.
Слупчане важи за населено место каде што најмалку се плаќаат сметките за електрична енергија.