сабота, 27 јули 2024

Во случајот Империја нема докази дека е сторена штета на државата, тврди одбраната

Објавено на

часот

Сподели

„Ова е случај на класичен пример на недозволена правна конструкција. Како одбрана на Цветан Панделевски, сметаме дека е неосновано наводното обвинението за нашиот клиент за наводна измама што не може да се види и во диспозитивот каде нема противправно дејствие направено од Панделески. Јавно прашуваме уште еднаш, што е незаконски и како е оштетена државата за ЈО да го гони Панделевски: Од кога купувањето на акции е кривично дело во Македонија? Дали исплата на средства добиени со продажба на акции како дивиденда во Македонија е кривично дело (трансакции извршени легално преку сметки преку платен промет), а не редовно финансиско работење? Обвинението за злоупотреба на службена положба исто така е неосновано, односно на кого е направена материјална штета според ЈО? Обвинението за перење пари, најверојатно ниту ЈО не го разбира бидејќи во истото Панделевски не се ни споменува!

 Второ рочиште по ред Јавното обвинителство нема изведено ниту еден доказ дека на државата на некој начин ѝ е нанесена материјална штета. Оттука, нејасна е упорноста со која се води процесот против Цветан Панделевски“, велат неговите адвокати.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ