вторник, 22 октомври 2024
Министерството за внатрешни работи, Центар за обука и Здружението на граѓани - Ресурсен центар

Во случаи за децата со посебни потреби ќе се постапува по новопотпишаниот Меморандум

Меморандум за соработка бил потпишан денеска меѓу Министерството за внатрешни работи – Центар за обука и Здружението на граѓани – Ресурсен центар на родители на деца со посебни потреби.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информираат од МВР, го потпишале министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и претседателката на Ресурсниот центар, Радмила Цветковска.

„Овој Меморандум има за цел развивање на меѓусебна соработка во делокругот на обезбедување и промовирање на правата на децата, лицата со попреченост и нивните семејства, преку организирање и спроведување заеднички обуки за постапување и третман на овие лица. Преку Центарот за обука на МВР, ќе се спроведуваат обуки за полициските службеници, со цел соодветно постапување, поедноставен пристап и комуникација, доколку при своето работење, наидат на деца – лица со попреченост“, се појаснува во соопштението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ