среда, 8 јануари 2025

Во Словенија родени најмалку деца од осамостојувањето

Во Словенија минатата година имало 16.735 породувања, што е 130 помалку од 2023 година, но и најмал број родени деца од осамостојувањето во 1991 година.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тоа е досега најниското ниво раѓања во Словенија, покажуваат податоците на Националниот институт за јавно здравје (НУЗ). Проценетиот број бебиња, вклучувајќи и повеќеплодни бремености, е околу 16.900.

За сега привремените и неофицијални податоци на Државниот институт за јавно здравство го продолжуваат негативниот тренд на бројот на родените во Словенија.

Со исклучок на 2021 година, бројот на родените е во пад од 2010 година. Како главна причина за помалиот број родени НУЗ го наведува намалувањето на бројот на жени на генеративна возраст. Истовремено, вкупната стапка на наталитет останува релативно стабилна, иако и таа е во благ пад.

За споредба, во 1988 година во словенечките родилишта се објавени 26.442 раѓања, според податоците на Државниот институт за јавно здравство, до 1999 бројката паднала на 17.310, за до 2010 повторно да порасне на 22.002.

Најголемиот пад е забележан во Целје и Постојна. Од друга страна бројот на раѓања нагло пораснал во Љубљана, додека процентот на раѓања најмногу пораснал во Нова Горица, каде родиле 13,2 отсто повеќе жени во однос на 2023, и во Словењ Градец, каде родиле 10,8 отсто повеќе жени во однос на 2023.

Раѓања дома имало 29, што е за 25 помалку во однос на 2023.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ