среда, 30 октомври 2024

Во скопски Петровец измерени 43 степени, рекордна горештина во Македонија

Како што информираат вечерва од УХМР, денеска во цела Македонија имало многу високи темератури, а рекордно висока температура е измерена во скопски Петровец од 43 степени Целзиусови. Во 20 часот во Петровец се измерени 35 степени, а на Зајчев Рид во Скопје 33 степени.

Фото: Роберт Атанасовски

Објавено на

часот

Сподели

Попрецизно, температурата од 42,7 степени во скопски Петровец била измерена во 17 часот, информираат од УХМР. На Зајчев Рид во Скопје во истото време се измерени 40 степени.

Над 30 степени се измерени во сите места каде УХМР има мерни станици, освен во Маврови Анови, Крушево и Попова Шапка.

Вечерва во 20 часот температурите беа исто така тропски, а освежување поради дождот имаше во Маврови Анови, Берово и Претор.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ