сабота, 27 јули 2024

Во скопската чаршија малолетник ограбил турист од Сингапур

Малолетник (16) ограбил турист од Сингапур во Старата скопска чаршија, а откако бил фатен од полицијата против него ќе биде поднесена кривична пријава, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).

Објавено на

часот

Сподели

„Полицајци на подрачјето на Бит Пазар привеле 16-годишник од Скопје. Според пријавеното, малолетникот во старата Скопска чаршија му одзел пари на турист од Сингапур, а одземените пари се пронајдени кај него и вратени на сопственикот.

По целосно документирање на случајот, полицијата ќе поднесе соодветна кривична пријава за сторено кривично дело тешка кражба на дрзок начин, казнива по чл.236 ст.1 т.3 од Кривичниот законик, а против Д.Ј., мајка на малолетникот ќе биде поднесена кривична пријава запуштање и малтретирање на малолетно дете казниво по чл.201 од Кривичниот законик“, соопшти МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ