петок, 18 октомври 2024

Во Скопје се појавија и лажни дневни паркинг карти на ПОЦ

ЈП Паркинзи на Општина Центар информира дека денеска било пријавено дека се појавиле лажни дневни паркинг карти со дизајн и логото на ПОЦ и кју-ар код кој треба да се скенира и да се изврши онлајн уплата на веб-адреса која нема поврзаност со ПОЦ.

Објавено на

часот

Сподели

Јавното претпријатие апелира до граѓаните да бидат внимателни и ако забележат таква дневна паркинг карта веднаш да пријават. Единствената веб-адреса за онлајн наплата, информираат од ПОЦ, е https://users.poc.mk/PayDpk .

Случајот е пријавен до надлежните органи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ