среда, 11 декември 2024

Во Скопје протестен марш против аерозагадувањето

Итно и системско справување со загадувањето на воздухот преку имплементација на ефикасни мерки кои ќе го заштитат здравјето на граѓаните и драстично ќе го намалат аерозагадувањето е барањето од протестниот марш против аерозагадувањето во Скопје организиран од иницијативата Зелен хуман град што попладнево се одржува во главниот град.

Објавено на

часот

Сподели

Протестот почна пред Министерството за животна средина и просторно планирање, продолжи пред Собранието и заврши пред Владата.

„Што ви дишат децата“, „Сакаме воздух“, „Уа“, извикуваа присутните вечерва.

„Имаме работа со комплетно неразумни политичари кои нѐ тешат дека загадувањето не се решава преку ноќ. Колку ноќи им требаат на овие луѓе. Тоа не е ноќ, тоа е мрак повеќе од една деценија, во кој многу луѓе испуштија здив“, беше истакнато од говорниците на протестот пред парламентот.

Организаторите на маршот, соопштија дека протестот се организира бидејќи секоја година од 3.828 до 5.000 луѓе во државава ги губат своите животи како директна последица на изложеноста на штетните честички ПМ 2.5. Ова претставува 17,7 отсто од вкупната смртност во државата. Особено загрижувачки е фактот дека едно од девет починати деца под една година го губи животот поради загадениот воздух, беше посочено на маршот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ