сабота, 27 јули 2024

Во Скопје посебен режим на сообраќај, симулациска вежба „Хуманитарен одговор 2023“

Министерството за внатрешни работи информира дека поради симулациска вежба во итна ситуација–земјотрес насловена како „Хуманитарен одговор 2023“ во организација на Црвниот Крст и под покровителство на претседателот на државата, во Градскиот парк во Скопје, денеска во периодот од 9 до 14 часот ќе бидат затворени за сообраќај неколку булевари.

Објавено на

часот

Сподели

За сообраќај ќе бидат затворени булеварот „Илинден“ од крстосница со булеварот „Св. Климент Охридски“ до крстосница со улицата „Франклин Рузвелт“ и од крстосница со улицата „Бледски договор“ до крстосница со улицата „Никола Тесла“, улицата „Наум Наумовски Борче“, во продолжение улицата „Јордан Хаџиконстантинов-Џинот“ до крстосница со „Ленинова“ (ул.„Аминта 3-ти)“, „Ристо Шишков“ од крстосница со „Наум Наумовски Борче“ до крстосница со „Ленинова“, сообраќајниците околу градски стадион Тодор Проески и булеварот „8 Септември“ од крстосница со булеварот „Илинден“ до сервисна улица за влез во хотелот Александар палас.

„Од тие причини Единица за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници“, информираат од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ