среда, 23 октомври 2024

Во Скопје нема градски автобуси, ама има диви таксисти

Групацијата на авто-такси превозници на Град Скопје ги повикуваат одговорните лица на Град Скопје да воведат ред, најпрво со градскиот превоз, а потоа и со такси превозот. Од групацијата велат дека бројот на диви таксисти е енормно зголемен откако градскиот превоз стана сѐ понедостапен за жителите на Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

Легалните такси компании не можат да постигнат да одговорат на потребите на скопјани, па бројот на диви таксисти постојано расте, а цените кај нив се најмалку двојно поголеми од центите на легалните таксисти.

Градот мора да преземе мерки за справување со кризата, најпрво со градскиот превоз, а потоа и да се воспостави ред во такси-индустријата, бараат легалните такси-превозници и ги повикуваат сообраќајните инспектори да излезат на улица.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ