петок, 13 декември 2024

Во Скопје казнети 201 возач

Во акциските контроли во областа на сообраќајот на територијата на Град Скопје вчера се изречени вкупно 201 мерка, соопштија денеска од МВР.

Објавено на

часот

Сподели

Од вкупниот број изречени казни, 35 санкции се за непочитување на брзината на движење, 19 мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, шест санкции за некористење на сигурносен појас, 11 мерки за користење на мобилен телефон при управување.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ