Исто така, со почеток од 16 часот, поради одржување на протестен марш, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај.
„Имено, трасата на движење на маршот ќе се одвива од пред Министерството за животна средина на улица Филип Втори Македонски кон Собрание на улица 11 Октомври, право по улица Димитрие Чуповски, десно по улица Васил Главинов и право по булевар ВМРО до пред Влада на булевар Илинден“, соопшти СВР Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници, се вели во соопштението од МВР.