четврток, 26 декември 2024

Во Сирија запалена божиќна елка, веднаш избиле протести (ВИДЕО)

Во Сирија избиле протести поради палење на божиќна елка, што поттикна нови повици до новите исламистички власти да преземат чекори за заштита на малцинствата, пишува Би-би-си.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

На снимката објавена на социјалните мрежи се гледа украсена елка во пламен на главниот плоштад во град со христијанско мнозинство во покраината Хама, во централна Сирија. Околу елката има маскирани мажи.

Хајат Тахрир ал Шам (ХТС), главната џихадистичка група која ја предводеше офанзивата против владата на претседателот Башар ал Асад, соопшти дека извршителите се казнети. Безбедносен извор во Хама кажал дека две лица ја запалиле елката, и дека едно од нив е уапсено. Претставници на ХТС, поранешен огранок на Ал каеда, ветија дека ќе ги заштитат правата и слободите на верските и етничките малцинства во Сирија.

Поради овој инцидент во престолнината Дамаск и во други градови на улиците излегле демонстранти. Луѓето извикувале слогани против секташкото насилство, чија цел е дестабилизација на општеството, објави Сириската опсерваторија за човекови права. „Сите скандирале барајќи заштита на христијаните во Сирија“, кажал Самер Елиас, кој се придружил на синоќешниот протест во Дамаск.

Лидерот на ХТС Ахмед ал Шара вети умереност и уважување на верските малцинства. Меѓутоа, свештеникот Ендрју Бахи во Дамаск изрази загриженост за тоа како ќе се постапува во христијаните во Сирија по уривањето на Асад.

„Имаме право да се плашиме. Изјавите на новото раководство во Дамаск се охрабрувачки и истакнуваат почит за сите религии, но постапките и слоганите претставуваат извори за загриженост за нас, а во следните денови тоа ќе се покаже“, кажа тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ