Истражувачки тим од Швајцарската федерална лабораторија за наука и технологија за материјали (Емпа) и Федералниот институт за технологија ЕТХ Цирих аплицираа за патент за процесот, објави денеска Емпа.
Во принцип, „лемењето“ на рани со новиот метод функционира на ист начин како и лемењето на два метали: потребен е лем што се топи на ниска температура и може да се користи за спојување на двата дела, јавија швајцарските медиуми.