недела, 16 март 2025

Во Штипската болница, во „8 Септември“ и на Скопските клиники се носат повредените од големиот пожар во Кочани

Повеќето од повредените лица во пожарот во дискотеката во Кочани што се случи ноќеска се пренесени во кочанската општа болница, каде што уште им се дава медицинска помош.

Објавено на

часот

Сподели

Поради сериозноста на повредите добиени како резултат на пожарот и вдишување чад, дел од повредените се пренесени во Клиничката болница во Штип, во Градската општа болница „8 Септември“ и на Скопските клиники.

Пред Болницата во Кочани се наоѓаат голем број блиски и роднини на повредените и на починатите. Општинската организација на Црвен крст прави списоци за утврдување на идентитетот на загинатите лица.

Во првичната информација од МВР за МИА, се посочува дека најмалку 50 лица се загинати во дискотеката во Кочани во која ноќеска избувнал пожар за време на концерт на позната група.

Според информациите објавени во дел од медиумите, пожарот најверојатно настанал поради употреба на пиротехнички средства.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски веќе се наоѓа на местото на несреќата и се очекуваат првите информации за трагедијата.

Кон местото на несреќата се упати и премиерот Христијан Мицкоски.

Сите надлежни служби, вклучително и јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани се на терен. Бројот на жртвите и повредените се утврдува. Се уште се преземаат дејствија и се врши увид.

Јавниот обвинител на Македонија, како и основните јавни обвинители на ОЈО Скопје и на ОЈОГОКК, се на пат кон Кочани. На кочанското обвинителство ќе му бидат ставени на располагање сите капацитети на обвинителствата за итно постапување.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ