сабота, 27 јули 2024

Во Штип се одржа панихида за загинатите борци во Граѓанската војна во Грција

Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија „Мирка Гинова” од Штип денеска организираше панихида за паднатите борци, жртви од Егејска Македонија во црквата „Свети Константин и Елена“ во штипската населбата Балканска.

Објавено на

часот

Сподели

Трајче Димков истакна дека денеска најмалку што можe да се направи е да им се одаде почит на паднатите борци во Граѓанската војна.

„Ние во овој момент ги испочитуваме повеќе од 120 загинати борци, чии семејства се доселиле и живеат во Штип и штипско. Во рамките на таа борба загинале илјадници луѓе“, вели Димков.

Неговиот татко, Стојан Димков е жив сведок на настаните и со емоции ја раскажа голготата на семејствата, кои имаат некој близок член загинат во оваа Граѓанска војна, но и патот на иселувањето на децата бегалци од Егејска Македонија.

„Само од моето село Пожарско има во оваа војна загинато 75 луѓе, а од моето семејство имам околу 10 члена загинати. Бегањето беше многу тешко,з имно време. Семејствата од своите домови земаа она што им е најпотребно“, вели Димков.

Александар Јаневски претседател на Сојузот на Здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејска Македонија „Македон“ истакна дека денеска се одбележуваат 76 години од егзодусот на насилно прогонетите Македонци од Егејска Македонија.

„За жал најголеми жртви беа децата раселени низ целиот свет, но гледаме дека историјата ни се повторува. Затоа ние како Сојуз повикуваме на семакедонско обединување и помирување“, вели Јаневски.

Посочува дека ќе продолжат да бараат да се исполнат барања, Македонците кои останаа да живеат во овој дел да учат и да се образуваат на својот мајчин македонски јазик, како и правото на здружување и организирање, но и обештетување на прогенетите Македонци, кои имаат имоти и куќи во Грција.

Пратеникот Никола Мицевски истакна дека денеска е ден за споменување на македонските борци кои се бореле во Граѓанската војна.

„Борбата на македонскиот народ е традиционална, борбата на македонскиот народ продолжува. Затоа сме тука за да ги чествуваме жртвите кои го дале својот живот“, рече Мицевски.

На одбележувањето на 76 годишнината присуствуваа делегации од локални институции, здруженија, како и семејства на загинатите борци.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ