Филип Стевановски, Александар Коларов, Александар Ефремов, Дамјан Таневски и Филип Ивановски се петтемина штипјани кои загинаа, а денеска во организација на Општина Штип се одржа и комеморативна седница во големата сала на Центарот за култура Ацо Шопов во Штип.
Комеморативната седница се одржа во присуство на родители, сопруги, роднини, пријатели, другари и другарки.
Како чин на споделување и сочувствува со тагата, заедно со смејствата на починатите присутни беа и министерот за култура, Зоран Љутков, градоначалникот на Општина Штип Иван Јорданов, заедно со претставниците на локалната самоуправа.
Министерот Љутков изрази длабоко сочувство за петтемина загинати штипјани, истакнувајќи дека целата држава е длабоко потресено од болка, а загубата е голема, која што го потресе општеството до неговите темели.
Градоначалникот Јорданов искажа големо и длабоко сочувство и рече дека имињата на петтмината загинати штипјани долго ќе одекнуваат во мислиите на секого.
Сопруги, другарчиња, роднини, блиски соработници со скршено срце секој еден раскажа за големината на Филип Стевановски, Александар Коларов, Александар Ефремов, Дамјан Таневски и Филип Ивановски.