недела, 13 октомври 2024

Во Штип приведени се шест лица, при контрола од возило фрлиле ќеса со марихуана

Рано утрово полициски службеници од СВР Штип ги привеле Н.Ш. (21), Е.Р. (18), Д.Г. (31), А.Б. (33), Д.Т. (21) и Н.Т. (21), сите од Штип. Тие биле затекнати на ул.„Кежовица“ во Штип со патничко возило „фолксваген пасат“ со штипски регистарски ознаки, при што едно од лицата фрлило ќесе со марихуана, која била пронајдена и одземена.

Објавено на

часот

Сподели

После тоа, при преглед во возилото, исто така, била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ