четврток, 26 декември 2024

Во Шри Ланка за Божиќ се ослободени повеќе од 1.000 затвореници

Претседателот на Шри Ланка Ранил Викремесинг им даде амнестија на повеќе од 1.000 осуденици и ги ослободи од затворите низ целата земја по повод Божиќ, изјави официјален претставник.

Објавено на

часот

Сподели

Меѓу 1.004-те ослободени има и граѓани кои не платиле казни за разни прекршоци, изјави комесарот на затворот Гамини Дисанајаке.

Шри Ланка, населена претежно со будисти, сличен број на осуденици ослободи во мај за да го одбележи празникот Весак, кој го слави раѓањето, просветлувањето и смртта на Буда.

Една недела пред Божиќ, полицијата на Шри Ланка започна голема операција против дрогата, која активистите за човекови права ја критикуваа поради недостаток на налози и претходни истраги.

Во соопштението на полицијата се вели дека 13.666 осомничени се уапсени, додека речиси 1.100 зависници биле приведени и испратени на задолжителна рехабилитација во воена установа.

Затворите на островската држава се хронично пренатрупани.

Според неодамнешните официјални податоци имало речиси 30.000 затвореници во објекти дизајнирани да згрижат 11.000.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ