сабота, 27 јули 2024

Во Шпанија упаднал во винарија и истурил 60.000 литри вино (ВИДЕО)

Во неделата маскиран натрапник намерно истурил околу 60.000 литри премиум вино складирано во позната шпанска винарија, а вредноста на уништеното вино се проценува на околу 2,5 милиони евра.

Фото: скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Саботажата се случила во неделата во Кастриљо де Дуеро, на околу 150 километри северно од Мадрид, објави новинската агенција Европа прес и други шпански медиуми, повикувајќи се на информации добиени од претседателот на компанијата Бодегас Цепа 21, Хозе Моро.

Околу 3:30 часот по локално време, маскирано лице влегло во магацинот на винаријата и за помалку од една минута ги отворило славините на пет челични цистерни во кои се наоѓало вино од врвните марки Малабриго и Хоркахо, рече Моро.

Тој додаде дека на видео снимките од безбедносните камери се гледа натрапник кој изгледа знаел како да влезе во магацинот на винаријата во престижниот вински регион Рибера дел Дуеро. Тој рече дека по упадот ништо не е одземено од магацинот.

Моро рече и дека се сомнева кој би можел да биде натрапникот, но не сакал ништо да објави јавно за да не ја попречи полициската истрага.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ