четврток, 26 декември 2024

Во Шпанија се трага по 89 исчезнати лица во поплавите

Најмалку 89 лица сè уште се водат како исчезнати по смртоносните поплави во југоисточна Шпанија, соопшти регионалната судска власт во Валенсија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во бројката се вклучени само оние чие исчезнување го пријавиле членови на семејството. Семејствата дадоа лични податоци и биолошки примероци за да се овозможи идентификација на исчезнатите.

Сепак, може да има и други лица чие исчезнување не е пријавено или за кои сè уште не се дадени податоци.

„Сè уште има исчезнати лица кои треба да се најдат“, рече премиерот Педро Санчез на прес-конференција во Мадрид.

Пред една недела реките се излеаја по обилните дождови, а поројот однесе најмалку 217 животи. Форензичарите досега идентификувале 133 лица.

„Домовите и деловните објекти се уништени, затрупани под кал, а сè уште има многу луѓе без потребните продукти. Мораме да продолжиме да работиме“, рече Санчез.

Тој додаде дека Владата ќе одвои 10,6 милијарди евра за помош на настраданите.

Метеоролошката служба АЕМЕТ во вторникот извести дека „нестабилноста ќе се зголеми во медитеранската област и на Пиринеите во наредните денови“.

„Очекуваме обилни врнежи на Балеарските Острови, Каталонија и провинцијата Валенсија. Но, нема да има ни приближно толку дожд како минатата недела“, објави АЕМЕТ преку социјалната мрежа Икс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ