среда, 23 октомври 2024

Во Шпанија рекорден број мигранти, повици да се прогласи вонредна состојба

Нелегалните миграции во Шпанија достигнале рекордни нивоа во првите две недели на август, кога на брегот на Пиринејскиот полуостров пристигнале 1.033 луѓе, во однос на 1/698 лица во претходниот месец, се наведува во новиот извештај на шпанското министерство за внатрешни работи.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Двете бројки се многу повисоки во однос на бројот на нелегални миграции од претходните месеци на оваа година, а голем број мигранти доаѓаат од Мавританија и регионот Сахел во Африка.

Во тој период, нелегалните миграции од Канарските Острови пораснале за 126 отсто, а во северноафриканската шпанска енклава Сеута за 143 отсто.

Тоа претставува продолжување на трендот од почетокот на годината, бидејќи во периодот меѓу јануари и август во Шпанија пристигнале 31.155 нелегални мигранти, односно 66 отсто повеќе во однос на истиот период минатата година.

Партијата Канарска коалиција побара од премиерот Педро Санчез преку социјалната мрежа Икс „да издвои два часа од својот одмор за да се позанимава со вонредната ситуација во врска со миграцијата“.

Еден од најсериозните проблеми со кои во моментов се соочуваат властите на Канарските Острови е недостигот од капацитети за сместување малолетни мигранти без придружба. Во тој регион во моментов се сместени речиси 6.000 деца, што е речиси три пати повеќе од капацитетите на прифатилиштата, наведува Еуроактив.

Сеута исто така од шпанските власти ова лето побарала итна помош за решавање на ситуацијата која ја нарекла „неодржлива“, по пристигнувањето на 416 малолетници без придружба, додека максималниот капацитет во центрите е 130.

Ситуацијата е толку сериозна што лидерот на опозицијата од десниот центар и шеф на Шпанската народна партија, Алберто Нуњез Феихо, ја повика владата да прогласи „имиграциска вонредна состојба“ во земјата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ