„Годинава со писма и поетски интерпретации ќе им оддадеме почит на жртвите од трагичниот пожар во дискотеката во градот Кочани, настан кој ја зави Македонија во црно. Во време кога се сеќаваме на трагедијата што погоди толку многу семејства, сакаме да изразиме солидарност, сочувство и вечен спомен на младите животи изгубени преку уметноста. Поезијата не учи како да ја пронајдеме убавината низ тагата и како зборовите можат да изградат мост меѓу болката и надежта“, велат од Хрватско-македонска тангента.
Настанот ќе се одржи во Прес центарот во Шибеник, а покровител е Советот за национални малцинства на Република Хрватска.
Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март животот го загубија 59 лица, а околу 200 беа повредени.