четврток, 26 декември 2024

Во шест сообраќајни несреќи за едно деноноќие – еден починат, шест тешко и четворица полсено повредени

По преземени мерки и активности, на 04.12.2024 полициски службеници од ОВР Неготино го пронашле Д.С.(55) од с.Пепелиште, Неготинско. Со него бил извршен службен разговор во полициска станица поради сомнение дека на 03.12.2024 околу 17.30 часот на регионалниот пат село Пепелиште – Неготино, на место викано „Лака“, со товарно возило „цитроен џампер“ со неготински регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во 75-годишната А.А. од село Пепелиште и го напуштил местото.

Објавено на

часот

Сподели

Од здобиените повреди А.А. починала, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Увид на местото на несреќата извршил јавен обвинител во содејство со увидна екипа од ОВР Неготино.

На 04.12.2024 во 17.25 часот во СВР Струмица било пријавено дека на регионалниот пат  во с.Баница, струмичко, патничко возило „фолксваген пасат“ со струмички регистарски ознаки, управувано од В.С.(38) од с.Баница, струмичко,удрило во четири малолетни лица од с.Баница, кои во моментот туркале патничко возило „фолксваген пасат“ со струмички регистарски ознаки,  управувано од М.М.(46) од с.Баница, а потоа удрило во бетонски ѕид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле две малолетнички, а со телесни повреди се здобил возачот В.С., констатирани во Медицинскиот центар Струмица. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Струмица.

Истиот ден во 07.58 часот во Полициската станица Ресен било пријавено дека на магистралниот пат Ресен–Битола, кај место викано ,,Сопотски ливади“, патничко возило „опел корса“ со ресенски регистарски ознаки, управувано од А.К.(28) од Ресен удрило во метална заштитна ограда. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.К., констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Ресен.

Во Полициската станица Прилеп, на 04.12.2024 во 21.30 часот било пријавено дека на ул.„Александар Македонски“ во Прилеп, патничко возило „форд“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од М.С.(29) од Прилеп излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.С., додека со телесни повреди се здобил нејзиниот сопатник П.Ш.(24) од Прилеп, констатирани во Општата болница Прилеп. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.

На 04.12.2024 во 10.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Александар Урдаревски“ и сервисна улица кон с.Кучевиште, скопско, патничко возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Р.Т.(24) од Тетово, удрило во велосипед, управуван од Н.П.(68) од с.Кучевиште, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. За настанот бил известен јавен обвинител. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Во СВР Тетово на 04.12.2024 околу 21.20 часот било пријавено дека на регионалниот пат с.Јажинце – Тетово, во с.Доброште, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.А.(23) од с.Глоѓи, тетовско и патничко возило „форд ка“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ш.И.(21) од с.Слатино, тетовско.    Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Ш.И., додека со телесни повреди се здобиле Ф.А. и сопатникот во нејзиното возило М.А.(53), констатирани во Клиничка болница во Тетово. Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ