сабота, 27 јули 2024

Во Северна Кореја има повеќе од 200.000 новозаразени од корона

Објавено на

часот

Сподели

Тековниот бран на инфекции со ковид во Северна Кореја, објавен минатата недела, ја зголеми загриженоста за недостиг на вакцини, несоодветната медицинска инфраструктура и потенцијалната криза со храна во земјата со 25 милиони жители, која одбива странска помош додека ги држи границите затворени.

Во петокот имаше 219.030 нови лица со знаци на треска, со што вкупниот број на такви случаи се искачи на 2.460.640, објави Корејската државна телевизија КЦТВ, цитирајќи податоци од државната администрација за борба против епидемијата. Бројот на починати се искачи на 66 лица.
Јужнокорејската агенција Јонхап не соопшти колку луѓе биле позитивни на ковид-19.

Со оглед на тоа што во Северна Кореја нема национална кампања за вакцинација и капацитетот за тестирања е ограничен, експертите проценуваат дека податоците објавени од државните медиуми би можеле да бидат потценети и дека е тешко да се процени големината на бранот на пандемијата.

Агенцијата за човекови права на ОН предупреди на „уништувачките” последици од инфекцијата за 25 милиони луѓе во земјата, додека Светската здравствена организација објави дека неконтролираното ширење на болеста може да доведе до нови смртоносни варијанти на ковид.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ