понеделник, 21 октомври 2024

Во септември учебници ќе има, а поголеми плати за наставниците не, вели Јаневска

На првиот училиштен ден, идниот понеделник, учениците ќе ги добијат учебниците со што ја прекинуваме лошата практика на одредени министри од минатото кои ниту водеа грижа за навремена достава на учебници, ниту да има учебници, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска по посетата на основното училиште Љубен Лапе во скопската општина Аеродром. Таа уште кажа дека наставниците нема да добијат покачување на платите во септември за 12 отсто, како што бара синдикатот, но зголемување ќе има во март 2025 година.

Објавено на

часот

Сподели

Јаневка повтори дека учебници ќе нема само за странските јазици и дека законски не може, рече, „ниту да го прекине тендерот што е почнат за нив, ниту да распише нов додека не заврши правната процедура“.

Во однос на средното образование, соопшти дека за гимназиите се обезбедени учебници – онолку колку што побарале за годината, толку им се доставува.  Дистрибуцијата е во тек и се очекува да заврши до недела.

„Гимназиското образование ќе има учебници, и за странски јазици. За средно стручно првпат печатиме над 164 наслови кои учениците никогаш ги немале. И продолжуваме со одобрување на други учебници, како ќе заврши процедурата на одобрување, така ќе продолжиме со печатење и ќе ги доставуваме во текот на годината“,  рече Јаневска по посетата на ОУ „Љубен Лапе“ во општина Аеродром.

За училишта во кои има услови за едносменска настава анализата досега опфатила 142. Во 124 настава во една смена ќе има во оваа учебна година, дел од тие училишта и претходно работеле едносменски.

„Следната година очекувам цели општини, како на пример Кавадарци, и со инвестиции од општината, а се разбира и од МОН, исто така во сите училишта во Кавадарци да почне. Со тек на време тој број се повеќе ќе се зголемува“, рече министерката.

Во однос на анализата на просторни услови во училиштата и префрлување на мал број ученици од подрачни во централни училишта, соопшти дека оптимизацијата е веќе направена во десет општини и децата се префрлени во централни училишта, како што рече, без да има последици за кадарот, а во тек е  анализа за оптимизација во дополнителни 20 општини.  Почнато е со општини каде што треба помалку училишта да се оптимизираат, но во некои, како Аеродром на пример, не може да се прави оптимизација туку треба да се градат училишта.

„Во десет општини е завршена и стапи во сила оваа година, а во 20 општини се прави оптимизацијата… Бројот на ученици е различен секоја година поради иселување и намалување на нивниот број и затоа забрзано ја правиме анализата за оваа година. Ќе продолжиме со оптимизација за децата да може да се социјализираат, да имаат подобри услови на настава… Како Влада направивме план – едносменската настава и целодневната настава е, всушност, план наставниците да не губат работа, туку  тие наставници да работат со учениците во подолг период за учениците да добијат ефект од нивната работа“, додаде Јаневска.

Таа уште кажа дека наставниците нема да добијат покачување на платите во септември за 12 отсто, како што бара синдикатот, но зголемување ќе има во март 2025 година.

„Грчевито се борам и ќе се борам за наставниците и ќе продолжам и ќе инсистирам да се исполни она што сме им го ветиле. Сме им ветиле во првата година – за оваа Влада првата година е од јуни до следниот јуни.  Во првата година тие, секако, ќе добијат покачување. Во март ќе добијат покачување на платата, што е можно повеќе, колку што ќе дозволи Буџетот, толку ќе добијат. Во текот на годината, ако има можности, уште едно покачување, за да бидат задоволни и мотивирани“, изјави Јаневска.

Одговарајќи на новинарски прашања, Јаневска истакна дека како наставник точно ги знае, рече, „проблемите и предизвиците и со каква тежина и притисоци се соочуваат наставниците“, но верува дека тие ќе имаат разбирање за реалните можности.

„Кога би можела, уште утре би им ја покачила платата, не за оние 12 проценти кои ги бара синдикатот. По можност 30, 40, 50 проценти. И нема дилема дека тие треба да имаат поголеми плати, јас само ги кажувам реалните можности, кажувам што наследивме од претходната власт. Ако таа министерка или било кои други министри правилно го планираа буџетот, може и немаше да имаме проблем. Се соочуваме со огромни средства за учебници, огромни средства за ученички стандард кои не ги исплаќале, огромни средства за студентски стандард кои не ги исплаќале, проблеми со превозот. Гледате дека се доградуваат училници, се реновираат санитарии. Сѐ е тоа нешто што е неопходно. Не дека платите на наставниците не се неопходни, тие се и тоа како значајни, но јас сум убедена дека ќе имаат разбирање“, рече Јаневска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ