сабота, 2 ноември 2024

ВО СДСМ за претседател на државата пријавени се Пендаровски, поранешни претседатели, партиски лидери, секретари, судии…

Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски денеска одговорајќи на новинарско прашање околу кандидатите за претседател на државата, посочи дека има повеќе еминентни можни кандидати кои се предложени. Напомена дека и актуелниот претседател Стево Пендаровски е предложен од општинските организации, а предложени се и други поранешни претседатели на државата, поранешни претседатели на СДСМ, поранешни секретари на СДСМ, врвни поранешни судии.

Објавено на

часот

Сподели

Ковачевски на заедничката прес-конференција со претседателот на Социјалдемократската партија на Германија, Ларс Клингбеил, прашан колку вкупно номинации има за кандидат за претседател, одговори дека не може да каже точна бројка, но се работи за повеќе еминентни можни кандидати.

„Не можам да ви кажам точно колку можни кандидати се предложени затоа што ги немам бројките пред мене. Тие се собираат во секторот на организацискиот секретар. Се работи за повеќе еминентни можни кандидати, вклучително и претседателот Пендаровски, кој што е предложен од општинските организации. Тоа што можев да го видам од она што го имаме добиено на располагање од општинските организации, само потврдува дека СДСМ е голема партија, партија која располага со врвен кадровски потенцијал и која секогаш ги има најдобрите кандидати за сите позиции“, додаде Ковачевски

Ковачевски денеска коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот Фатмир Битиќи дека би прифатил да биде заеднички кандидат за претседател на државата, потенцираше оти истата покажува дека СДСМ е на исклучително демократско ниво и секој кој ги исполнува критериумите согласно правилникот, може да биде предложен.

„Тоа што го кажува потпретседателот на партијата Битиќи, апсолутно е во корелација со тоа што го кажувам, а тоа е дека оваа постапка во нашата партија е на исклучително високо демократско ниво. Секој може да биде предложен, кој што ги исполнува критериумите согласно правилникот и сечија кандидатура и амбиција, сечиј капацитет и потенцијал нормално дека од Извршниот и од Централниот одбор на партијата ќе бидат земени предвид“, рече Ковачевски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ