понеделник, 16 декември 2024

Во само 24 часа поделени откази на двајца тренери во Премиерлигата

Последното коло во Премиерлигата беше кобно за двајца тренери, Вулверхемптон се раздели со Гери О’Нил, а Саутемптон ја прекина соработката со Мартин Расел.

Објавено на

часот

Сподели

Во само 24 часа, двајца тренери во Премиерлигата добија отказ, последните два клуба на табелата решија да повлечат потег по серијата лоши резултати.

По поразот од Ипсвич, Вулверхемптон реши да се раздели со Гери О’Нил.

„Се разделивме со тренерот Гери О’Нил и неговите помошници. Сакаме да му се заблагодариме за напорната работа во изминативе 16 месеци“ – гласеше известувањето на „Волците“.

Доцна синоќа и Саутемптон одлучи да ја прекине соработката со Мартин Расел по тешкиот пораз од 0-5 против Тотнем.

„Можеме да потврдиме дека повлековме тешка одлука да се разделиме со нашиот тренер Мартин Расел“ – гласеше соопштението на „светците“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ