сабота, 27 јули 2024

Во САД поради голема магла се судрија 158 возила: 7 мртви, десетици повредени (ВИДЕО)

Најмалку седум лица загинаа вчера во серија сообраќајни несреќи на меѓудржавниот пат 55 во Луизијана, во кои учествуваа најмалку 158 возила, соопшти државната полиција. Повеќе од 25 лица се пренесени во болниците со повреди од полесни до критични, додаде полицијата во вечерното соопштение.

Објавено на

часот

Сподели

Метеоролозите претходно соопштија дека „супермагла“ ја зафатила областа западно од Њу Орлеанс, отприлика во времето на несреќата. Супермаглата е густа магла што се развива во влажни услови и може да ја намали видливоста на помалку од десет метри, според Националната метеоролошка служба.

Властите објаснија дека некои возила се запалиле по првиот судир. Едно од возилата вклучени во сообраќајните несреќи е камион цистерна што превезувал „опасна течност“, соопшти полицијата без да ја прецизира супстанцијата.

„По отстранувањето на цистерната, службите за прва помош ќе можат подобро да ги проценат возилата во непосредна близина. Можно е да се лоцираат уште жртви“, соопшти синоќа полицијата, пренесе Си-ен-ен.

Властите побараа од јавноста да се јави доколку имаат исчезнат член на семејството што патувал во областа во понеделникот наутро. Гувернерот на Луизијана Џон Бел Едвардс рече дека се моли за загинатите и повредените во несреќите. „Комбинацијата од огнен чад и густа магла е опасна и сакам да ги охрабрам сите жители на Луизијана во погодените области да бидат исклучително внимателни додека патуваат“, напиша Едвардс на X.

Локалниот шериф Мајк Трегре изјави дека три камиони со 18 тркала се судриле на северните ленти и биле целосно зафатени од пламен. Пријавени се два судири на повеќе автомобили на југ, од кои еден се запалил. Трегре објасни дека спасувачите морале да тргнат пеш бидејќи несреќите „целосно ја затвориле“ областа.

„Ситуацијата е доста лоша“, нагласи тој. Неверојатно густата магла, позната како „супер магла“, е предизвикана од магла во комбинација со чад од блиски пожари. Луизијана од летото се бори со невидени шумски пожари, екстремни горештини и немилосрдна суша. Екстремната суша, највисоката категорија што ја следи американскиот монитор за суша, е присутна во 62% од државата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ