сабота, 27 јули 2024

Во сабота и во недела во Скопје ќе се прска против возрасни комарци

Во раните утрински часови во сабота и во недела на територијата на Скопје ќе се прска против комарци, информираат од Град Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

„Во раните утрински часови ќе се реализира авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје против возрасни форми на комарци.

Доколку временските услови не го дозволуваат тоа, дезинсекцијата ќе се изврши првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин.

Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите“, најавуваат од Град Скопје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ