сабота, 27 јули 2024

Во руски град откриена радијација, прогласена е вонредна состојба

Властите во рускиот град на далечниот исток Хабаровск прогласија вонредна состојба во областа каде што бил пронајден „извор на радиоактивно зрачење“, јави новинската агенција ТАСС.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Соопштено е дека повишени нивоа радијација се откриени во близина на електричен столб околу 2,5 километри од станбени згради.

Никој не е повреден ниту изложен на зрачењето и „нема закани по здравјето на граѓаните“, го цитира ТАСС локалниот огранок на руската агенција за заштита на потрошувачите.

Се наведува дека нивото на радијација ќе се следи во следните два дена и ќе се истражи изворот на радијацијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ