сабота, 27 јули 2024

Во Русија уапсени двајца мажи за подготвување терористички напад

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) денеска соопшти дека привела двајца жители на Нижегородскиот регион за подготовка на терористички напад во близина на железничката инфраструктура, наводно за паричен надомест од Службата за безбедност на Украина (СБУ).

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„При подготовките за извршување на кривичното дело, пријавените извршиле извидување на инфраструктурни објекти за транспорт и набавиле и подготвиле делови за домашна запалива направа, кои беа запленети при претрес во нивното живеалиште“, се вели во соопштението на ФСБ, пренесува РИА новости.

Се додава дека е утврдено дека обвинетите биле регрутирани од претставници на СБУ за „вршење саботажни и терористички активности на објекти на железничката инфраструктура“.

Во видеото што го сподели ФСБ, еден од обвинетите објаснува дека тој со својот другар барал работа кога ги контактирал маж преку платформата Телеграм.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ