сабота, 27 јули 2024

Во Русија почна втората фаза од вежбите на нуклеарните сили, учествува и војската на Белорусија

Во Русија почна втората фаза од вежбата на нестратегиските нуклеарни сили, во која учествуваат и воените сили на Белорусија, соопшти денес руското министерство за одбрана.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Во текот на вежбата ќе бидат разработени прашањата на заедничката обука на единиците на оружените сили на Руската Федерација и Република Белорусија за борбена употреба на нестратегиското нуклеарно вооружување“, соопшти руското министерство, а пренесува РИА Новости.

Во соопштението се истакнува дека целта на маневрите е одржување на спремноста на персоналот и опремата на единиците за борбена употреба на нестратегиското нуклеарно вооружување на двете земји, за обезбедување на суверенитетот и територијалниот интегритет на сојузот на Русија и Белорусија.

Министерството за одбрана на Белорусија вчера соопшти дека таа земја ќе учествува во новата фаза на вежбата на нуклеарните сили со Русија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ