вторник, 22 октомври 2024

Во Русија по земјотрес со јачина од 7 степени еруптираше вулкан (ВИДЕО)

Руските државни медиуми јавуваат дека вулканот Шивелуч еруптирал по земјотрес со јачина од 7 степени според Рихтеровата скала што го погоди источниот брег на Русија.

Фото: Википедија

Објавено на

часот

Сподели

Вулканот е оддалечен околу 450 километри од крајбрежниот град Петропавловск-Камчатски, кој има околу 180.000 жители, пишува Си-ен-ен.

„Според визуелните проценки, пепелта се издигнува на дури 8 километри надморска височина“, јави ТАСС утрово, додавајќи дека вулканот исфрлил лава.

Според Американскиот геолошки институт (УСГС), епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 48 километри и на околу 88 километри оддалеченост од Петропавловск-Камчатски.

ТАСС наведува дека по земјотресот нема информации за поголема штета, но дека властите превентивно ја проверуваат безбедноста на зградите во околните области.

Полуостровот Камчатка е едно од сеизмички најактивните области во светот поради дејството на пацифичките и северноамериканските тектонски плочи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ