„Активен е пожарот во росоманското село Рибарци, кој е под контрола. Пожарот првично е намерно запален за да изгорат корења од патлиџани, но излезе од контрола“, појаснија од противпожарната служба.
Оттаму апелираа во изјава за МИА, на совесност и внимателност кај населението од Тиквешијата, особено при високи летни температури.