вторник, 22 октомври 2024

Во Република Српска укинат проект кој би ја загрозил Неретва

Окружниот суд во Бања Лука ја поништи градежната дозвола за изградба на хидроцентралата Дабар во источна Херцеговина врз основа на проценката дека нејзината изградба би имала негативно влијание на животната средина а особено на реката Неретва која поради намалениот доток на слатка вода би ѝ се заканило засолување.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Ова денес го објави невладиното здружение Аархаус центар БиХ која го тужеше министерството за просторно уредување, градежништво и екологија на Република Српска поради решението за одобрување на изградбата на инфраструктурните објекти на хидроцентралата Дабар, на сливот на реката Залонка, во рамки на проектот Горни хоризонти.

Проектот е осмислен на начин на кој за производство на електрична енергија да се пренасочат сливовите на реките Заломка, Буна, Буница, Брегава, кои се влеваат во Неретва.

Експертите за екологија со години предупредуваат дека со тоа би се предизвикала непоправлива еколошка штета и загрозување на биолошкиот минимум на овие реки а директни последици би се почувствувале во долниот тек односно делтата на Неретва каде, ако се оствари тој проект, морето би навлегувало значително подлабоко во коритото на оваа река значително влијаејќи на растителниот и животинскиот свет, но и на земјоделството од кое овој крај зависи.

Судот во Бања Лука ги прифати тврдењата дека одлуката за одобрување на градбата на хидроцентралата би била спротивна на важечките закони, вклучувајќи го тој за заштита на околината и Аартхауската конвенција чиј потписник е и БиХ.

Проценката на влијанието врз животната средина, која е основа за издавање еколошка дозвола, не била соодветно проверена, а еколошката дозвола била издадена пред потребните истражувачки работи да бидат довршени.

Утврдено е и дека проектот Горни хоризонти крши одредби на најмалку три меѓународни конвенции кои се насочени кон зачувување на околината и заштита на природните живеалишта.

Проектот бил разгледуван уште во поранешна Југославија и предвидува големи зафати на текот на реката Требишњица на кој би се изградиле дури седум хидроцентрали и шест акумулациски базени како и низа канали и тунели.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ