сабота, 27 јули 2024

Во регионалната полициска акција „артефакт“ запленети монети, пари, возила, приведени криумчари на мигранти

Објавено на

часот

Сподели

Како што рече Ангеловски, акцијата била спроведена во периодот од 27 март до 4 април, со учество на полиција од земјите од регионот, а во соработка со Програмата за гранична безбедност на ДЦАФ и Проектот за борба против сериозен криминал во Западен Балкан-ИПА 2019.

 

Заедничката акција „артефакт“ се одвивала на граничниот премин Табановце, на патните делници кон Србија, како и по должината на целата граница со Србија.

 

„При влез во државата на ГП Табановце, кај македонски државјанин пронајдени се 1.120 парчиња монети со археолошка вредност, кај турски државјанин пронајдена е поголема сума на пари, конфискувани се три украдени возила, откриени два случаи на обид за криумчарење мигранти. При изведувањето на активностите беше употребена специјализирана опрема за откривање и сузбивање на нелегалните активности, а искуствата од заедничката акција ќе бидат корисни за натамошната работа на полициските службеници од овие земји“, рече портпаролот на МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ