Како што рече Ангеловски, акцијата била спроведена во периодот од 27 март до 4 април, со учество на полиција од земјите од регионот, а во соработка со Програмата за гранична безбедност на ДЦАФ и Проектот за борба против сериозен криминал во Западен Балкан-ИПА 2019.
Заедничката акција „артефакт“ се одвивала на граничниот премин Табановце, на патните делници кон Србија, како и по должината на целата граница со Србија.
„При влез во државата на ГП Табановце, кај македонски државјанин пронајдени се 1.120 парчиња монети со археолошка вредност, кај турски државјанин пронајдена е поголема сума на пари, конфискувани се три украдени возила, откриени два случаи на обид за криумчарење мигранти. При изведувањето на активностите беше употребена специјализирана опрема за откривање и сузбивање на нелегалните активности, а искуствата од заедничката акција ќе бидат корисни за натамошната работа на полициските службеници од овие земји“, рече портпаролот на МВР.