Од МВР за МИА информираа дека веднаш на местото на настанот се упатени полициски службеници и Итна медицинска помош, а екипа на САЕ Тигар презема мерки за пронаоѓање на патниците во автомобилот. Неофицијално во возилото имало пет лица, постар брачен пар, нивниот син, снаа и 4-годишно дете.
Од МВР информираат дека во ГОБ „Св. Наум Охридски” во Скопје од случајни минувачи донесено било четиригодишно дете, кое потоа е пренесено во Клинички центар.
На лице место е и јавен обвинител.