среда, 23 октомври 2024

Во Расадник вечерва се активира пожарот, жители успеаја да го изгаснат огнот

Доцна вечерва во Расадник, во Општина Кисела Вода, повторно се активира пожар. Пламени јазици избувнале пред 23 часот, на едниот од краевите на Расадник, локација каде има куќи. Преплашени граѓани веднаш пријавиле на бројот 112 и не чекајќи ги пожарникарите излегле да гаснат со тоа што имале при рака.

Објавено на

часот

Сподели

Скопските пожарникари беа на пат кон Расадник, а во битка со огнот веќе беа влезени граѓаните. Граѓаните велат дека огнот брзо избувнал и почнал да се шири со секој налет на ветерот. Среќа е што навреме било забележано дека гори сувата вегетација, зашто можел огнот да зафати и куќи.

Инаку, денеска во Расадник на голема површина имаше пожар на оревови дрвја, други видови дрвја, грмушми и сува трева, а пожарот многу брзо се ширеше поради сувата вегетација исцрпена од летните горештини без дождови. Загрижени беа и станарите од околните згради затоа што огнот се доближи на десетина метри од објектите.

Пожарот во Расадник, како што рече директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, беше чуден, зашто може да се класифицира како шумски пожар во град, кој бара противпожарна интервенција налик на тие што ги имаа пожарникарите летово во планини и шуми.

Поради овој пожар беше исклучена струјата, па делoви од Кисела Вода извесно време беа без електрична енергија.

Од Регионалниот центар за управување со кризи на Скопје вечерва известија дека поради денешиот пожар во половина Кисела Вода има прекин на електрична енергија, а дека поради дефект на ЕВН резервоарот во Припор нема струја како резултат на што станарите од високата зона во населбата Аеродром немаат вода.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ