сабота, 27 јули 2024
Во големата полициска акција

Во рацете на „тигрите“ падна и ексначалник за оружје од СВР Скопје, кој заврши зад решетки

Објавено на

часот

Сподели

Организаторот на групата Б.А. од лице од Косово неовластено набавил автоматска пушка „калашников“ калибар 7.62 мм, а во повеќе наврати од ексначалникот Драган А. сопственик на стрелиште во Скопје и од А.С., управител на стрелиштето, нелегално набавил поголема количина на муниција, односно 800 куршуми калибар 7.65 мм и 300 куршуми калибар 7.62 мм која ја купувал по цена од 40-45 денари за куршум.

За чување и продажба на оружјето организаторот ги ангажирал О.Н. и М.Б. и кога ќе најдел купувачи по негови инструкции О.Н. го земал оружјето од М.Б. од с.Орланци и го носел на договорена локација во Сингелиќ, каде го продавале по цена од 1000 евра.

За транспортот О.Н. добивал по 50 евра, додека останатите пари од нелегалната продажба ги задржувал за себе. За набавка на муниција, организаторот го ангажирал И.А., кој од Драган А. и А.С. набавувал муниција и му ја давал на организаторот Б.А. на договорена локација, каде било и заинтересираното лице кое ја купувало за цена од 70-75 денари за куршум“, соопштија вчера од МВР.

Мерка притвор во траење од 30 дена определи Кривичниот совет од Основниот кривичен суд Скопје доцна синоќа за дел од членовите на криминалната група осомничена дека подолго време тргува со оружје и дрога.

Судот го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција за определување на мерка притвор за 14 лица, а на еден осомничен поради здравствена состојба му е определена мерка куќен притвор.

Како што вчера информираа од Обвинителството по големата акција на специјалците, под истрага за неовластена трговија со дрога и оружје се 18 лица.

Тие, робата ја набавувале од Албанија и Косово, а ја криеле во Сингелиќ и Арачиново. Двајца од осомничените се сопственик и управител на стрелиште и нелегално продавале муниција набавена за потребите на стрелиштето. 

                                                                                                                          Архивска фотографија 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ