сабота, 18 мај 2024

Во Пустец откриена спомен-биста на Гоце Делчев

На свеченост организирана од општина Пустец денеска на плоштадот во оваа општина беше откриена спомен-биста на македонскиот револуционер Гоце Делчев.

Објавено на

часот

Сподели

Поздравни обраќања имаа градоначалникот на општината Пали Колефски, претседателот на македонската партија – Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, Васил Стерјовски, министер-советникот во македонската Амбасада во Тирана, Љуфтим Спахиу, како и претседателот на Светскиот македонски конгрес, Тодор Петров.

Пред присутните со сплет македонски народни песни и ора настапија и членовите на Културно-уметничкото друштво „Гоце Делчев“ од Битола.

Бистата се поставува по иницијатива на МАЕИ и е донација од партијата, а беше поддржана од градоначалникот Колефски и едногласно прифатена од Советот на општина Пустец. Таа е дело на авторот Зоран Тошевски од Скопје.

„Гоце Делчев е фигура која зазема централно место во колективната меморија на Македонците во нашата општина. Поставувањето на неговата биста на плоштадот кој го носи неговото име не само што е знак на почит, туку и потсетник на неговите идеали и наследство“, изјави Колефски за МИА по доставеното барање.

Во 2008 година, Советот на општина Пустец едногласно донесе одлука со која плоштадот во Пустец се именува „Гоце Делчев“, а поставувањето на оваа биста, според претседателот на МАЕИ Стерјовски, ќе придонесе за зачувување на македонското културно-историско наследство и македонскиот идентитет во Република Албанија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ