среда, 8 јануари 2025

Во пукање во Србија убиен сопственик на кафуле, специјалци го ликвидирале убиецот (ФОТО)

Во населбата Стрелиште во српскиот град Јагодина синоќа имало пукање. Во едно кафуле избила кавга меѓу повеќе лица, по што се случило пукањето. Убиен е 56-годишниот сопственик на кафулето Дејан М., а тешко е рането едно момче.

Фото: Министерство за внатрешни работи на Србија

Објавено на

часот

Сподели

Потпретседателот на српската влада и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ потврди дека припадници на Специјалната антитерористичка единица го ликвидирале 46-годишниот убиец.

„Припадници на Специјалната антитерористичка единица го ликвидираа во Јагодина Саша Милосављевиќ (47), кој попладнето убил едно лице, а друго тешко ранил. Убиецот при обидот за апсење пукал во специјалците, по што бил ликвидиран“, објави Дачиќ.

Според српските медиуми, напаѓачот бил познат како проблематична личност. Бил осудуван за повеќе кривични дела, меѓу кои обид за убиство, тешки кражби, семејно насилство, недозволено носење оружје.

Блиц пишува дека пукањето е кулминација на судир кој почнал пред една недела. Според српскиот медиум, во истото кафуле пред една недела избила тепачка, а вчерашното пукање е поврзано со таа тепачка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ