среда, 23 октомври 2024

Во пукање во Арачиново повреден е 44-годишен маж

Четириесет и двегодишен маж со иницијали Ќ.Д. е повреден и пренесен во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во синоќешната престрелка во скопско Арачиново.

Објавено на

часот

Сподели

Вчеравечер околу 20 часот мажот бил повикан од друго лице да излезе пред вратата на својата куќа во Арачиново, по што било пукано кон него.

Се здобил со повреди во десната нога, по што бил пренесен во скопскиот клинички центар „Мајка Тереза“.

На местото на настанот биле пронајдени две чаури од огнено оружје“, велат од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ