сабота, 27 јули 2024

Во првите три месеци над 600.000 патници поминале низ аеродромот во Скопје

Како што соопштија од МВР, делегацијата составена од дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев заедно со директорот на БЈБ Сашо Тасевски, и помошник директорот на Одделот за граничи работи и миграции, Сашо Смилески го посетила терминалот на Меѓународниот аеродром Скопје како и Граничната меѓуагенциска единица (ГМЕ). Притоа, од страна на раководството биле информирани за резултатите на оваа организациска единица при Регионалниот Центар Север во рамки на Бирото за јавна безбедност на МВР.

Објавено на

часот

Сподели

„Во првото тримесечје во полициската станица за гранични проверки ‘Меѓународен аеродром’, бележиме зголемен проток на патници во однос на истиот период лани, со вкупно регистрирани 603.537 од кои домашни 296.728 и странски  306.809 патници, а во фреквенција биле и 2.507 домашни и странски воздухоплови. Во однос на регистрирани кривични дела, бележиме два откриени случаи на фалсификувани документи. Поднесени се 65 прекршочни пријави и извршени 92 претреси на лица, лишени од слобода биле 14 лица, приведени 78”, информирал Бојмацалиев по средбата, се наведува во соопштението на МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ