сабота, 27 јули 2024

Во протечените документи се тврди дека во Украина се борат странски борци, најмногу Британци

Објавено на

часот

Сподели

Медиумите, вклучувајќи ги Би-би-си и Гардијан, јавија дека документ од 23 март покажува дека дури 50 припадници на британските специјални сили се распоредени во Украина заедно со други западни специјалци. Според тој документ, Обединетото Кралство има најголем контингент специјалци во Украина (50), а го следат НАТО членките Летонија (17), Франција (15), САД (14) и Холандија (1). Во документот не се наведува каде тие сили се наоѓаат ни што работат.

Присуството на западните специјалци во Украина веројатно ќе го искористи Москва, која во последните месеци тврди дека не се соочува само со Украина туку и со НАТО, наведува Би-би-си. Американската влада порача дека го истражува изворот на протекување на информациите.

Британското министерство за одбрана не ги коментираше тврдењата, но порача дека информациите во американските доверливи документи „не треба да се земаат здраво за готово“. Вчера на Твитер наведоа дека протекувањето на наводните информации покажало „сериозно ниво на неточност“.

„Читателите треба да бидат внимателни во прифаќањето на тврдењата кои имаат потенцијал на ширење дезинформации“, објави портпаролот на британското министерство за одбрана, без да прецизира на кои документи конкретно мисли.

Британската влада има политика да не ги коментира своите специјални сили, за разлика од други земји, вклучувајќи ги САД.

Британија цело време е гласен поддржувач на Киев и е втор најголем донатор на оружје на Украина по САД.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ