четврток, 22 февруари 2024

Во продажба билетите за Офф-фест

Објавено на

часот

Сподели

Офф-фест 2023 ќе го отвори, на 7 јуни, импресивниот аудио-визуелен перформанс на славната португалска фадо пејачка ѕвезда Мисиа (MISIA). Фасцинантната моќ на модерната естонска фолк кралица Мари Калкун (Mari Kalkun), во комбинација со раскошната интерпретација на македонската традиционална песна од страна на единствената Зарина Првасевда и нејзиниот состав, создаваат услови за беспрекорно фестивалско доживување.

Оригиналниот микс од пустинскиот гитарски блуз и транс ритмите на италијанската Таранта на волшебниот тандем Џастин Аадамс и Мауро Дуранте (Justin Adams & Mauro Durante), ќе ја пресретне софистицираната интроспективна лиричност и неодоливиот шарм, талент и визија на нашиот њујорчанец Крсте Роџевски.

За мистериозната аура на култната чешка двојка Ирена и Војтеч Хавлови (Irena & Vojtech Hаvlovi) ќе сведочи нивното уникатно концертно патување, но и прикажувањето на документарниот филм „Little Blue Nothing: A musical portrait of Irena and Vojtech Havlovi”.

Офф-фест 2023 ќе го заокружат фуриозните настапи на две исклучително возбудливи музички појави: новата светска музичка атракција Bаb l’bluz со својот психоделичен марокански фанк-рок звук, како и деветчлениот оркестар на легендарното име на конгоанската румба, гитаристот Dizzy Madjeku & the Odemba OK all stars.

Билетите за 22. Офф-фест се достапни на билетарниците на НОБ и МКЦ, како и онлајн преку mktickets.mk.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ