„Осомничениот 67-годишник, на 21 февруари во кумановското село Габреш, имал расправија, со двајцата внуци од неговата сестра. На расправијата се приклучила и сестрата. Со пиштол кој го поседувал со дозвола, осомничениот пукал кон нив и со умисла ја лишил од живот сопствената сестра и еден од нејзините синови, а се обидел да го лиши од живот и другиот“, соопштија од обвинителството.
Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Куманово поднесе предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.
Вчера полицијата информираше дека поради нерасчистени семејни односи, полициски службеници од СВР го лишиле од слобода Д.Ѓ. затоа што во село Габреш, кумановско поради нерасчистени имотно правни односи пукал од огнено оружје кон неговата сестра Д.Р.(63), и нејзините синови Ж.Р.(36) и Т.Р.(38).
„Итна медицинска помош констатирала смрт кај Д.Р. и Т.Р., додека Ж.Р.со повреди е пренесен во Општа болница Куманово“, информираше полицијата.
Од кумановската болница потврдија дека кај нив е донесено лице со три прострелни рани, но поради сериозноста на повредите е префрлено на понатамошно лекување на една од скопските клиники